Почетна » Новости » Занимливости » Момче болно од рак доби поддршка од таткото и братот кои ја истетовираа лузната од неговата операција

Момче болно од рак доби поддршка од таткото и братот кои ја истетовираа лузната од неговата операција

Поддршката од семејството дефинитивно е најважна во тешките моменти.

Момче, кое се бори со рак, беше изненадено кога неговите татко и брат си ја истетовираа лузната од неговата операција за да му покажат колку го сакаат и да му пренесат порака дека не треба да се чувствува поразлично од другите.

Џаспер О’Брајант

Имено, 16-годишниот Џаспер О’Брајант две години прима хемотерапии и се лекува од остеосарком (рак на коските) во болница во Тексас.

„Кога дојде до идејата за тетоважите, веднаш се согласив. Не се двоумев воопшто за тоа што ќе се случи. Тоа беше нешто кое веднаш сакав да го направам за него“ – изјавил неговиот брат Нејтан.

Џаспер О’Брајант

Џаспер признал дека бил многу изненаден од овој гест. „Јас не избрав да ми направат операција. Да бидам искрен, беше или тоа или смрт. Затоа, фактот што тие избраа да си стават нешто трајно на телото е многу значајно. Идејата беше одлична“ – рекол Џаспер.

Џаспер О’Брајант Џаспер О’Брајант Џаспер О’Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.