Жена сподели дека се гордее со своето тело по породувањето и испрати силна порака. 23-годишната Австралијка го покажа збрчканиот стомак по раѓањето на близначиња и призна дека ова ѝ е омилениот изглед досега.
На фотографијата, таа позира заедно со бебенцата.
Во нејзината порака стои:
Престанете да им кажувате на жените дека ќе си го вратат телото. Затоа што јас не се чувствувам дека некогаш сум го изгубила. Поинакво е, но и покрај мојот однос кон телото исполнет и со љубов и со омраза, ова ми е омилениот изглед досега. Моето тело направи две бебиња – во исто време – и нивното постоење дојде со стрии, опуштена кожа, лузна преку стомакот и непривлечен папок. Тоа е кул, нели? Траен доказ за тоа што направи моето тело – телото кое отсекогаш го имав и сè уште го имам.
Не сакам ништо „да вратам назад“. Веќе го добив она што го сакав и тие се добри и вредат за овој стомак.
„Ваквите моменти ме потсетуваат да бидам благодарна за моето тело и да го сакам такво какво што е. Зашто им даваше заштита, сила и топлина на овие две деца. Растеше како што растеа тие и се растегнуваше додека се растегнуваа тие. И за мене, тоа е дефинитивно нешто за што вреди да се восхитуваш“ – пишува мајката во нов пост.