Пејачот Алехандро Санс ѝ приреди слатко изненадување на ќерка си Мануела, која мислела дека е презафатен за да се појави на нејзината матура.
Среќната девојка била трогната до солзи кога популарниот шпански музичар, кој е добитник на 22 Греми награди, се појави пред неа. Претходно, Алехандро ѝ напишал во пораки дека има многу обврски кои треба да ги направи и дека нема да може да биде покрај неа.
Но, она што таа не го знаела е дека тој веќе планирал да ја придружува на големиот ден. Непосредно пред да го здогледа, Санс ѝ испрати нова порака, во која стои:
„Сериозно поверува дека неколку илјадници километри би ме спречиле да бидам со тебе на толку специјален ден за тебе?“.
Алехандро сподели фотографии од моментот заедно со видео и со разменетите пораки.
„Колку е убава твојата невиност, ќерко моја. Да те изненадувам ми е омилениот спорт, а мојата награда е твојата среќа. Сега знаете дека ниту илјадници, ниту милиони километри не би ме спречиле да бидам со вас на ваков посебен ден. Среќна матура, животе мој. Те сакам“ – напиша тој.