Двегодишно момче од Германија стана меѓународна сензација со своите уметнички дела.
Малиот Лорен Шварц со причина е нарекуван „мал Пикасо“. Тој создава апстрактна уметност на платно која му има донесено многу обожаватели. Негови слики беа продадени и по вртоглава сума од околу 6.500 евра.
Мајката на Лорен, Лиса, го забележала неговиот талент додека биле на одмор во Италија во септември минатата година.
„Имаше соба за сликање во хотелот и не можевме да го извадиме од неа. Пред Божиќ му направивме студио и постојано беше во него“ – рекла Лиса.
Таа му отворила Instagram профил на синчето, кој досега брои 30 илјади следбеници.
Негови слики биле изложени на уметнички саем во Минхен и веднаш биле продадени во Велика Британија и на Бахами. Семејството било контактирано и од галерија лоцирана во Њујорк, која се заинтересирала за изложување на сликите на талентираното момче. Изложбата ќе се одржи во август.
„Сè зависи од него кога и што ќе слика. Понекогаш не сака да слика и не ни стапнува во неговото студио 3-4 недели, но потоа одеднаш ќе рече: ‘Мама, сликам’“ – објаснила мајката.