Почетна » Новости » Занимливости » Мини ежиња како моден аксесоар

Мини ежиња како моден аксесоар

Мини еже

Откако заврши еуфоријата по октомврискиот хит – мини прасиња, декемвриски хит во Британија се мини ежињата.

Малите африкански ежиња се неверојатно слатки животни и можат да се најдат во различни бои. Поради огромната популарност, цената за купување на мини еже достига и над 200 фунти.

Љубителите на минијатурните ежиња ги избираат основно поради тоа што не бараат специјална грижа, имаат нестандарден изглед и се многу слатки.

Некои богати дами ги претворија слатките ежиња во модни додатоци и ги чуваат во своите чанти. Таквиот тренд предизвика остри реакции на заштитниците на животните. Тие сметаат дека промовирањето на малите ежиња како модни аксесоари е неодговорно.

Нивниот најголем страв е дека откако ќе заврши еуфоријата и се појави некој друг хит, луѓето ќе ги остават малите ежиња заборавајќи дека се живи суштества.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.