Меланија Трамп покажа дека и розовата боја може да изгледа префинето. 48-годишната прва дама на САД шармираше во два елегантни стајлинзи во розови нијанси.
За официјалната средба со колумбијскиот претседател Иван Дуке Маркез и неговата сопруга Марија Хулијана Руиз Сандовал, Меланија избра карирано палто со крзнени детали на ракавите кое е дело на модната куќа Fendi.
Својот моден избор, сопругата на Доналд Трамп го надополни со обувки од нејзиниот омилен дизајнер Кристијан Лобутин.






















На Денот на вљубените, Меланија посети болни дечиња во здравствен институт во Мериленд каде се појави во комплетно розов стајлинг. Палтото е од Cedric Charlier и чини околу 1.600 евра.
По повод Св. Валентин, Меланија декорираше колачиња заедно со креативните деца.
















