Меган Маркл и принцот Хари го добија првото дете.

37-годишната војвотка се породи утрово, а Хари бил до неа во текот на породувањето.
На Instagram профилот на кралскиот пар беше објавено дека Меган роди здраво момче тешко 3,3 килограми.
Со задоволство соопштуваме дека Нивното кралско височество војводата и војвотката од Сасекс го добија нивното првородено дете рано утрото на 6 мај 2019 година. Синот на нивното кралско височество тежи 3,3 килограми.
Војвотката и бебето се здрави и во добра состојба и парот им се заблагодарува на членовите на јавноста за нивната споделена возбуда и поддршката во овој специјален период од нивните животи.
Повеќе детали ќе бидат споделени во наредните денови.
Меган и Хари ја започнаа својата врска во јуни 2016 година, а соопштија дека се верени во ноември 2017 година. Популарната двојка заплива во брачните води на 19 мај минатата година.



