И малиот Арчи се вклучи во кралската турнеја во Африка.
Меган Маркл бликаше од среќа со малиот син во рацете додека со принцот Хари се упатуваа на средба со архиепископот Дезмонд Туту и неговата ќерка.
38-годишната војвотка од Сасекс носеше шармантен фустан од брендот Club Monaco.
Меган и Хари извесно време ќе бидат разделени, затоа ќе присуствуваат на настани во различни земји. Хари ќе патува низ Боцвана, Ангола и Малави, а Меган ќе остане во Јужноафриканската Република.