Меган Маркл и принцот Хари беа фотографирани за време на заедничко излегување во Беверли Хилс.
39-годишната војвотка од Сасекс носеше кафеаво палто од J.Crew кое чини 375 долари, фармерки од Outland Denim, чизми од Le Chemeau и очила од Le Specs.
Парот се подготвува да го дочека првиот Божиќ во САД со едногодишното синче Арчи.
Минатиот месец, Меган сподели дека во јули оваа година имала спонтан абортус и дека го изгубила второто дете.