Ирена Витулкас не ги освојува социјалните мрежи само со убавината и својот фит изглед, туку и со пожртвуваноста и огромната љубов спрема сестра си.
Црвенокосата девојка напорно тренира со тешки тегови за да биде доволно силна за да ја носи својата сестра-близначка, која е парализирана. Бидејќи корисниците на социјалните мрежи постојано ја прашувале зошто крева толку тешки тегови, таа сними кратко видео во кое вели дека не сака нејзината сестра да пропушти ништо од животот и дека сака да ја носи секаде каде што ќе посака.
„Тренирам за да се уверам дека можам да ја носам секаде без колебање“ - рекла таа.
Пред три години, сестра ѝ Кристина останала парализирана при несреќа со мотоцикл и ја изгубила способноста да оди. За среќа, ја има Ирена покрај себе и заедно одат на секакви авантури.
Кристина продолжува да тренира и да го зајакнува телото со помош на Ирена.