Почетна » Новости » Занимливости » „Мајката секогаш ќе се грижи за тебе, бидејќи ти секогаш ќе бидеш нејзиното бебе“

„Мајката секогаш ќе се грижи за тебе, бидејќи ти секогаш ќе бидеш нејзиното бебе“

Даниела Шерман-Лазар повторно ги разнежнува срцата на мајките, но и на нивните деца.

Во најновиот текст, популарната авторка ја истакнува безусловната љубов на мајките кон нивните „малечки“, а на децата им порачува дека мајката е личноста која секогаш ќе биде таму за нив кога им е потребна.

Мајка

Мајката секогаш ќе се грижи за тебе.

Дури и кога повеќе нема да ти треба за да ти ги избрка кошмарите или да ти пее приспивна песна, чешкајќи те по грпчето за да те заспие. Дури и кога не ѝ ги влечеш алиштата за да ѝ го привлечеш вниманието за да ти даде уште „грицки“.

Без разлика колку години ќе наполниш и колкупати ќе ја одбиеш нејзината покана за правење колачиња за да се затвориш во твојата соба или за да испланираш излегување со пријателите, ти секогаш ќе бидеш нејзиното бебе.

И таа секогаш ќе биде таму за тебе.

Кога ќе се чувствуваш осамено во студените ноќи на факултет, нејзината топлина ќе те следи и ќе те обвие како прегратка. Кога ќе го проучуваш светот во твоите 20-ти години и ќе правиш грешки, таа ќе те води низ твоите емоции дури и во 1 часот наутро. А кога ќе имаш твои деца, таа ќе биде личноста на која ќе се потпреш... за да не се струполиш кога сите од фамилијата ќе се потпираат на тебе.

Без разлика колку години имаш, нејзината љубов ќе те опкружува и ќе те носи кога животот ќе стане тежок.

Бидејќи ти секогаш ќе бидеш нејзиното бебе.

А на една мајка, тоа ѝ значи сè.

Даниела е категорична дека љубовта која мајките ја имаат за децата е она што ги движи низ животот дури и кога се преморени.

Мајка

Љубовта на мајката кон нејзините деца е нејзиното гориво. Таа ѝ помага да продолжува понатаму.

Дури и кога е прегорена, изморена, целосно истоштена или плаче на подот. Таа продолжува понатаму.

Дури и кога нејзината анксиозност е толку лоша што може да идентификува 20 начини на кои нејзините деца би можеле да се повредат во паркот, таа им дозволува да уживаат во игрите. Таа продолжува понатаму.

Дури и кога нејзината депресија е толку ужасна, што ѝ се чини дека некој ја принудува да остане во креветот, плачот на нејзиното новороденче ја подигнува веднаш. Таа продолжува понатаму.

Дури и кога животот ѝ поставува предизвици, врските ѝ пропаѓаат, финансиите не ѝ се стабилни или се справува со тага. Таа продолжува понатаму.

Во добрите денови. Таа продолжува понатаму.
Во лошите денови. Таа продолжува понатаму.
Во истоштувачките денови. Таа продолжува понатаму.
Во тажните денови. Таа продолжува понатаму.

Нејзината љубов не е совршена. Понекогаш ја прави да вика и да се лути од страв. Ја прави анксиозна и желна за контрола.

Но, најмоќниот дел од неа е љубовта кон нејзините деца.

Таа е силна и безусловна.

И ѝ помага да продолжува понатаму. Без разлика на сè. Секогаш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.