Љубовта на мајките кон нивните деца е чиста, безусловна и вечна. Таа не престанува кога синот или ќерката ќе стапи во брак, ќе добие свое дете или ќе се исели во друга држава.
Даниела Шерман-Лазар со нов текст разнежува срца, потсетувајќи на бесконечната љубов на мајките кон нивните „малечки“:
Мајката ќе му напише порака на нејзиното 20-годишно дете за да му каже дека ќе врне, потсетувајќи го да си понесе чадор.
Таа ќе се јави за да провери како помина разделбата на првиот училиштен ден на нејзините внуци и нејзината ќерка и дали таа успеа да влезе во автомобилот пред солзите да ѝ потечат по лицето.
Таа ќе го чува бебето на нејзината ќерка за таа да може да се истушира и да го негува нејзиното постпородилно тело.
Ќе му испрати порака на нејзиниот 40-годишен син за да се увери дека се вратил дома безбедно од свадба, бидејќи само така ќе може мирно да спие.
Ќе ѝ купи на својата 34-годишна ќерка переци кога ќе оди во трговскиот центар, бидејќи знае колку многу ги сака.
Не, не мора повеќе да ги прави сите овие нешта, но и понатаму ги прави.
Бидејќи мајката секогаш сака да им го олесни животот на своите деца во секоја можна прилика, дури и кога тие се способни, одговорни личности и можат да прават сè сами.
И секогаш сака да знае дека се безбедни.
Бидејќи мајчинството не завршува кога нејзините деца ќе наполнат 18 години, кога ќе се иселат од дома или кога ќе имаат свои деца.
Тоа само се менува.