Ве нервира ли кога ќе го пратите вашето дете во градинка или школо со нова облека и се врати дома извалкано со дамки кои не се отстрануваат?
Марија Бранијан е мајка на две деца која одлучи да се помири и збогува со тие нервози. Во вирално видео, таа објаснува зошто ги праќа своите деца во градинка со испрани, но исфлекани алишта, без да се грижи што мислат другите.
„Сметам дека клучниот момент беше кога си помислив ‘Ако таа ги прави овие флеки во градинка, зошто да не можам да ја пратам повторно со истата таа чиста облека, но со дамките сè уште на неа?’ Тоа беше клучен момент за мене, бидејќи чувствувам дека ми даде многу слобода и ми го намали стресот“ – изјави таа.
@marla_branyan I think most preschool teachers and daycare providers would actually prefer kids NOT be in their nicest/name brand clothes bc it takes some pressure off the teachers/providers to help keep those clothes as clean as possible. Kids need freedom to be messy and dirty, and that preschool and daycare age is a great opportunity for that. #daycare #preschool #parentsoftoddlers #toddlersoftiktok #parents #parentsofpreschoolers #parentsoftiktok #daycareprovider #daycarelife #daycareworker #preschoolteacher #preschoolmom ♬ original sound
Марија има 5-годишен син и 3-годишна ќерка, која обожава да црта и бои, па редовно ја валка облеката што ја носи.
„Кога син ми беше мал, трошев многу време и енергија обидувајќи се да ги отстранам флеките од неговата облека. Не знам дали беше тоа затоа што ми беше прво дете, па бев многу претпазлива или можеби чувствував дека другите ќе ме осудуваат. Но со второто дете... бидејќи ќерка ми постојано доаѓаше дома извалкана, ми стана стресно и нервозно“ – признала таа, објаснувајќи дека не може да си дозволи секоја недела да купува нова облека за децата.
Марија се бори да пренесе порака дека децата од најмали нозе не треба да се грижат за тоа како изгледаат, дали носат брендирана облека или не. „Кога станува збор за деца, особено најмалите, сметам дека општеството не треба да им прави притисок за нивниот изглед. Сметам дека тие треба да се фокусираат на забава, учење и стекнување пријателства“ – изјавила таа.
Па, што мислите вие на оваа тема?