Мајка ѝ дозволи на 7-годишната ќерка да присуствува во породилната сала додека ја раѓаше нејзината помала сестричка.
Ешли Канингем сподели видео од реакцијата на нејзината ќерка Софија кога за првпат го виде бебенцето и брзо стана вирален хит на TikTok со повеќе од 2 милиони прегледувања.
@ashley.cunningham87 My 7 year old daughter begged to be in the delivery room when it was time for me to deliver her baby sister! I was able to convince my doctors that she was mature enough to handle it and I’m so glad it worked out. Sophia handled it so well and was so excited to see her baby sister be born! I will never forget this moment and neither will Sophia! How special to see your baby sister be born! #birth #baby #newborn #babysister #bigsister #deliveryroom #laboranddelivery #birthstory #love #babytok #fyp #corememories #pregnanttiktok #pregnancy ♬ Bundle of Joy (From "Inside Out") - Benny Martin
Откако доби многу прашања за ваквата одлука, Ешли објасни зошто дозволила Софија да присуствува на породувањето.
„Тоа дојде сосема природно. Таа е многу љубопитно дете. Секогаш прашува како функционираат нештата и зошто. Секогаш се интересирала за медицински работи како оваа“ – рече Ешли и додаде дека Софија постојано гледа медицински видеа на интернет.
„Ми се допаѓаат такви нешта. Не ме трауматизираше тоа. Сè уште сакам да имам деца... навистина бев возбудена што ја видов Бринли само што излезе и што видов како изгледа“ – рече Софија.
„Гледавме заедно видеа од породувања и таа одлично ги поднесе. Разговаравме како изгледа породувањето и што ќе се случи, па таа беше подготвена. Потоа разговарав со докторот за да проверам дали тоа е ОК“ – рекла мајката.
Ешли сними видео откако нејзините следбеници побараа од неа да слушнат лично од Софија зошто сакала да го гледа породувањето.
„Сакав да видам како Бринли го зема првиот здив. Сакав да се подружам со мајка ми и сакам медицински работи. Подготвена бев затоа што гледав видеа за тоа“ – рече Софија.
Бидејќи добро ја познава ќерка си и знае дека е позрела од останатите деца на нејзина возраст, Ешли вели дека немала сомнежи каква одлука треба да донесе. Таа е категорична дека не можат сите деца да поднесат да бидат во породилната сала. Всушност, ниту нејзиниот син не сакал да биде таму и таа ја почитувала неговата одлука.
@ashley.cunningham87 Replying to @carteredjett Sophia answered some questions and talked about her experience being in the labor and delivery room! #birth #baby #babysister #newborn #deliveryroom #laboranddelivery #birthstory #babytok #bigsister #fyp #corememories ♬ original sound - Ash Cunningham