Почетна » Новости » Занимливости » „Мамо, не можев да разберам зошто го правеше тоа сè додека не станав мајка“

„Мамо, не можев да разберам зошто го правеше тоа сè додека не станав мајка“

Оние кои немаат свое дете честопати не можат да ги разберат постапките, фрустрациите и љубовта на мајките.

Даниела Лазар со текст ѝ се обрати на мајка си за да ѝ каже дека додека растела, не можела да ја разбере за многу нешта. Но, откако и самата зачекорила во светот на мајчинството, нејзината перспектива се променила.

Во нејзините зборови ќе се пронајдат многу жени:

Мајка

Мамо,

Никогаш не разбирав зошто во некои денови толку викаше сè додека не станав мајка и не сфатив дека беше преморена и дека се чувствуваше недоволно ценета.

Никогаш не разбирав зошто ти требаше толку многу време за да се подготвиш сè додека не станав мајка и не сфатив дека беше премногу зафатена за да нè подготвиш нас, а ти беше на последно место.

Никогаш не разбирав зошто ми велеше „Дај ми само уште пет минути“ кога сакав да си играме сè додека не станав мајка и не сфатив дека само сакаше секунди одмор помеѓу обврските.

Никогаш не разбирав зошто полудуваше за најмалите нешта сè додека не станав мајка и не сфатив дека натрупаната фрустрација, анксиозноста и стресот те тераа да изгубиш контрола, а не истурената храна на подот.

Никогаш не разбирав зошто ми се лутеше кога станував од креветот на секои 10 минути зашто не ми се спиеше сè додека не станав мајка и не сфатив колку многу обврски требаше да завршиш додека ние спиеме.

Никогаш не разбирав зошто си секогаш загрижена сè додека не станав мајка и не сфатив дека тоа е поради твојата љубов за мене која е толку силна, што дури и самата помисла дека може да ми се случи нешто лошо ти ја кине душата.

Никогаш не разбирав зошто во некои денови ме гушкаше многу силно сè додека не станав мајка и не сфатив дека светот е тежок и дека јас сум твојот потсетник дека сè вреди.

Влегувањето во мајчинството ми даде променета перспектива за сè, вклучително и за тебе.

Станувањето мајка ми ја зголеми љубовта кон тебе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20963 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.