Почетна » Новости » Занимливости » „Мамичке, твојата љубов е како создадена само за мене“: Сладок текст кој ќе ја разнежни секоја мајка

„Мамичке, твојата љубов е како создадена само за мене“: Сладок текст кој ќе ја разнежни секоја мајка

Кристина Егберт допира до срцата на мајките со сладок текст напишан од гледна точка на бебето.

Популарната авторка, која има два сина, низ очите на бебето ги опишува првите конфузни моменти од мајчинство. Текстот несомнено ќе ви разбуди силни емоции:

Бебе

Моментално не можам да видам ништо, но знам дека си таму. Сите тие звуци кои ги слушам некако ме збунуваат, но го знам твојот глас. Почнува да ми недостасува простор и не знам што ќе се случи следно. Но, единственото нешто кое го знам...
Си ти, Мамо!

Сега сè што слушам е титкање и гласови на луѓе кои не ги познавам. Многу е побучно тука. Но, еве слушам како некој го изговара моето име.
Тоа си ти, Мамо! Слушам дека ми зборуваш и тоа е совршено.

Како твојот глас да е создаден само за мене.

Што се случува во моето малечко носе? Ова огромно место мириса многу поразлично. Започнувам да се чувствувам еуфорично, бидејќи сè ми е ново. Но, еве ме ставија на твоите гради.
Тоа си ти Мамо! Додека земам здив, те мирисам и тоа е совршено.

Како твојот мирис да се создаден само за мене.

Многу е ладно тука. Сакам да се вратам онаму каде што ми беше топло. Сè се менува и не ми се допаѓа тоа. Но, еве ти ме земаш во рацете. Повторно ти го слушам биењето на срцето и ги чувствувам твоите прсти на моите образи.
Тоа си ти Мамо. Се чувствувам безбедно во твоите раце и тоа е совршено.

Како твоите раце да се создадени само за мене.

Уф, мислам дека огладнувам. Не знам како функционира тоа тука. Одеднаш, повторно се плашам. Но, еве ти ме подигнуваш и ми кажуваш дека ќе се снајдеме.
Се разбира дека ќе биде така, бидејќи ти си тука Мамичке.

Ти правиш сè да биде подобро. Додека јадам, ми го бакнуваш главчето и тоа е совршено.

Како твоите бакнежи да се создадени само за мене.

Сега сè ми изгледа смирено. Нема многу звуци. Моето меше е полно и удобно ми е во твоите раце. Сакам да си заспијам. Но, ги отворам очињата.
Тоа си ти Мамичке.

Ми се насмевнуваш и солза ти капнува по образите. Се надевам дека си среќна Мамичке, бидејќи јас сум. Ми кажуваш дека ме сакаш и тоа е совршено.

Како твојата љубов да е создадена само за мене.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.