Мало девојче, кое заедно со мајка си седеше до принцот Хари на Invictus Games во Канада, стана хит во светот. Зошто? Затоа што му „крадеше“ пуканки на британскиот принц за време на натпреварот.
2-годишната Емили беше уловена од камерите како си грицка од пуканките на Хари, додека тој разговара со пријател. Во еден момент принцот го забележува тоа и на шега ги трга пуканките, а потоа пријателски споделува од нив со слаткото девојче.
ВИДЕО
Многумина коментираа дека цело време, претставникот на британското кралско семејство знаел за неодоливата „крадачка“, но сепак овој момент насмеа илјадници лица.