На 25 февруари принцот Филип Караѓорѓевиќ и принцезата Даница станаа родители. Кралскиот пар го претстави пред светот новородениот син Стефан на настан за новинарите во Белиот двор во Белград.
36-годишниот принц на Србија и неговата 31-годишна избраничка гордо позираа со малиот син.





Стефан е прво машко дете во кралското семејство родено на територијата на Србија во 90 години и е трет во редот на престолонаследници.






„Да живее Стефан“ – со солзи во очите рекол неговиот дедо Александар Караѓорѓевиќ.










Принцот Филип и принцезата Даница стапија во брак во октомври минатата година.


