Филип Караѓорѓевиќ и Даница Маринковиќ стапија во брак. 35-годишниот принц на Србија и неговата 31-годишна избраничка се заколнаа на вечна љубов на церемонија во Соборната црква во Белград.
За свадбениот ден невестата избра венчаница од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
На свадбата на принцот Филип, кој е син на принцот Александар и принцезата Марија да Глорија, присуствуваа околу 300 гости.
Меѓу гостите беа и принцезата на Шведска, Викторија, и кралицата на Шпанија, Софија.