Аристократска свадба во Шпанија го привлече вниманието на светската јавност. Се ожени Фернандо Фиц-Џејмс Стјуарт, внукот на покојната војвотка од Алба, позната во светот и како најбогатата Шпанка.
28-годишниот војвода ѝ се заколна на вечна љубов на неговата избраничка Софија Палахуело на церемонија во мадридската палата Лириа.

Елегантната венчаница била дизајнирана од тетката на Софија, Тереза Палахуело.




Меѓу стотиците гости беше и поранешната шпанска кралица Софија.













