Изминатиов викенд се одржа аристократска свадба во Мадрид која привлече големо внимание.
Шпанскиот гроф Карлос Фиц-Џејмс Стјуарт и Солис се ожени со Белен Корсини на гламурозна церемонија која се одржа во градината на палатата Лирија. Карлос е внук на покојната војвотка од Алба, позната во светот и како најбогатата Шпанка.
Невестата, која е наследничка на градежната империја „Corsán“, шармираше во венчаница од брендот Navascués.
На прославата присуствуваа најблиските роднини и пријатели на парот.