Свадбата на ќерката на египетскиот бизнисмен Мохамед Ал-Моршеди привлече големо внимание.
Грандиозна сала декорирана со цветни бајковити декорации, незаборавна забава, познати музички ѕвезди, венчаница како од бајките, огромна торта... Луксузната прослава на Ноур и Амир во Каиро несомнено чинеше цело богатство.
Раскошниот невестински фустан е креиран од дизајнерот Мајкл Синко и е украсен со милиони кристали и скапоцени камења.




































