Лола Астанова е врвна пијанистка која покрај со својот талент, привлекува големо внимание и со својот атрактивен изглед. 34-годишната музичарка моментално е во брак со Стјепан Хаусер од 2Cellos.
Според фотографија која Степан ја објави на Instagram, тие запливаа во брачните води на 1 април минатата година.
Талентираните музичари, кои никогаш јавно не зборуваат за својата врска, постојано настапуваат и свират заедно.
Астанова е родена во Узбекистан и на 6-годишна возраст започнала да свири пијано, а потоа била запишана во школо за надарени деца.
Лола преферира припиени мини фустанчиња и високи потпетици. Во 2012 година, списанието „Limelight“ ја стави на листата „10 Стилски икони на класичната музика“.
Стејпан претходно беше во врска со Јелена Розга.