Краток текст за нашите драги баби ќе ве врати во детството и во моментите кога безгрижно одевте на гости кај Баба.
Текстот го сподели фотографката Сијата Сетија заедно со фотографија од баба и нејзината внука. Вреди да се прочита:
Мамо, може да спијам кај баба денес?
Ова го слушнав во автобусот денес... Кога успеав да се свртам за да го видам детето, со само една реченица, се вратив назад во минатото.
Таа не ми е повеќе достапна. Патував далеку...
Кога летна времето и нè направи возрасни личности полни со досадни приоритети? Секој ден се бориме за нешто кое не знаме дали ќе биде она што навистина го сакаме...
А всушност, бабината куќа е она што му треба на секој од нас за да биде среќен.
Бабината куќа е местото каде рацете на часовникот се на одмор заедно со нас и минутите не брзаат да пристигнат.
Бабината куќа е местото каде тестенините и домашниот леб добиваат различни вкусови, превкусни...
Бабината куќа е местото каде едно невино попладне може да трае цела вечност во игри и фантазии.
Бабината куќа е местото каде картонските кутии кријат стари алишта и мистериозни алати.
Бабината куќа е местото каде затворените кутии стануваат ковчеџиња со скриени богатства, кои чекаат да бидат пронајдени.
Бабината куќа е местото каде играчките ретко се купечки, тие се измислуваат на лице место.
Бабината куќа е местото каде сè мистериозно е возможно, каде се случува магијата и каде нема грижи.
Бабината куќа е местото каде ги наоѓаме остатоците од детството на нашите родители и од почетоците на нашите животи.
Внатрешноста на бабината куќа е адреса на нашите најдлабоки чувства, место каде сè е дозволено.
Тој луксуз повеќе не ми припаѓа мене, за жал, ќе живее со мене само во спомените.
Па, кога би можела да порачам нешто, која било порачка од сите порачки на светот, би го порачала истото...
Може да спијам кај баба денес?
Saulo Subirá – 2015