Кучињата постојано ни докажуваат дека се најдобрите пријатели на човекот.
Куче-херој му го спаси животот на новороденче откако со лаење натерало мотоциклист да го следи во планина каде што било бебенцето.
Хунрел Ревилја од Филипини се возел на својот мотоцикл кога одненадеж се појавило куче кое не престанувало да лае. Следејќи ја својата интуиција дека кучето сака да му каже нешто, тој започнал да го следи до депонија во провинцијата Себу. Токму таму, Ревилја го пронашол бебето завиткано во кафеава крпа.
Од полицијата и Бирото за заштита на децата за „The Freeman“ изјавиле дека бебето веројатно било штотуку родено, бидејќи папочната врвца сè уште висела од неговиот папук.
Момчето во моментов е под заштита на социјалните служби кои се обидуваат да ги пронајдат неговите родители или некој кој би можел да знае нешто за бебето.
Како што пренесуваат локалните медиуми, случката поттикна разговори за важноста на комуникацијата и едукацијата на младите за тинејџерската бременост и за тоа како да се избегне истата.