Кристијано Роналдо се закити со уште една посакувана награда. Популарниот Португалец е Најдобар фудбалер за 2016 година според ФИФА.
Во трката за престижниот трофеј, тој ги победи Лионел Меси и Антоан Гризман.
Ѕвездата на Реал Мадрид на свеченоста во Цирих присуствуваше заедно со 6-годишниот син и новата девојка Џорџина Родригез. Ова е прво официјално појавување на парот пред јавност.










