Алекс Зејн и неговата ќеркичка Матилда си пронајдоа интересно хоби за време на карантинските денови поради коронавирусот.
Креативното дуо започна да пресоздава сцени од познати филмови, а фотографиите ги споделува на Instagram профилот „tot_for_tot_remakes“, кој досега го следат над 60 илјади лица.
Главниот лик го глуми 5-годишната Матилда, додека покрај неа, во улога на другите филмски ликови, најчесто се нејзините играчки.