Почетна » Новости » Занимливости » Кога чкртањето се исплаќа: Момче кое постојано било прекорувано зашто чкртало на час доби ангажман од Nike

Кога чкртањето се исплаќа: Момче кое постојано било прекорувано зашто чкртало на час доби ангажман од Nike

Децата заслужуваат да им бидат остварени соништата. Затоа, понекогаш треба да ги откривате и развивате талентите на вашите деца, дури и кога тие влегуваат во неволји поради нив. Пример за тоа е Џо Вејл од Англија, кој успеа да ги претвори „чкртаниците“ во профитабилен бизнис.

Џо Вејл Џо Вејл

Момчето постојано било прекорувано затоа што чкртало за време на часовите. Неговите тетратки биде преполни со негови креации наместо со училишни лекции. Но, неговите родители не го потиснале талентот на нивниот син, туку го охрабриле да слика, запишувајќи го на часови по уметност кои ги посетувал по часовите.

Џо Вејл Џо Вејл Џо Вејл Џо Вејл Џо Вејл

Џо станал хит на социјалните мрежи откако започнал да ги објавува своите илустрации на Instagram профилот „The Doodle Boy“.

Неодамна, неговите родители потврдија дека тој си остварил голем сон и добил ангажман од спортскиот гигант Nike.

„Со возбуда потврдуваме дека Џо сега е дел од семејството Nike. Тоа е уникатна врска која ги поврзува талентот на Џо и неговата љубов кон спортот за да инспирира и други да се забавуваат и да го прават она што го сакаат. Ова е како остварување на сон за него“ – рекле тие.

Џо Вејл Џо Вејл

Минатата година, Џо ја имаше својата прва соло изложба, која му донесе и голема заработка. Само на Instagram, него го следат речиси 150 илјади лица.

Џо Вејл Џо Вејл Џо Вејл Џо Вејл Џо Вејл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.