Кога последен пат ви се случило да се запрашате зошто велиме дека ние сме она што го јадеме? Брзото секојдневие, дневните обврски, динамичниот начин на живот многу често нѐ тераат да ја избереме лесната и брза опција за подготовка на оброк, не размислувајќи што внесуваме во нашето тело. Дали знаете дека секој рецепт – традиционален или модерен, може да се подготви со органски состојки, притоа да биде едноставен и поволен? Кога велиме органски состојки, тогаш мислиме на храна која се произведува на строго контролиран начин, при што се следат определени производствени стандарди, според кои не е дозволена употребата на неоргански пестициди, инсектициди, хербициди, хормони, адитиви и генетски модифицирани супстанци. Се прашувате кои се предностите на органската исхрана и како да го направите вашето посно мени побогато? Прочитајте во продолжение!
Зошто органска храна?
Со консумирање на органските производи, внесуваме повеќе хранливи материи, како што се витамините и минералите, коишто се неопходни за подобрување на здравјето на секој човек. Исто така, од друга страна се намалува внесот на штетните материи, како што се нитратите и нитритите, коишто ги има во вештачките ѓубрива и имаат негативен ефект врз нашиот организам. Бројот на адитиви коишто се користат во производството на органската храна е строго ограничен и контролиран. Со целокупниот процес на органско производство, се овозможува зачувување на биолошката рамнотежа во природата и зачувување на здравјето на сите живи организми.
Посна, вкусна и органска празнична трпеза
Во предвелигденскиот период постои едно вечно прашање кое се провлекува секој ден. Што да подготвиме, а да биде истовремено посно и вкусно? Одговорот е: Органско! Кој вели дека не може да уживаме во вкусни палачинки за појадок? Или можеби во вкусен органски и посен десерт? Ви предлагаме едно прекрасно, вкусно и органско мени, во кое сме сигурни дека ќе уживате и кое ќе ја збогати вашата трпеза во претпразничниот период. Изненадување: Сите овие оброци се подготвуваат брзо и едноставно, а главната состојка се органските dmBio производи од dm!
Појадок: Овесни палачинки. Иако палачинките звучат комплицирано, оваа варијанта на здрави палачинки е супер брза и лесна за подготовка. Рецептот изобилува со растителни влакна и здрави масти кои држат долго ситост.
Ручек: Веге тавче-гравче. Дел од нашето домашно мени е традиционалното македонско тавче-гравче. Дали знаете дека може да се приготви со органски намирници, а притоа да го задржи својот оригинален вкус?
Вечера: Веганска супа од кисела зелка. Експериментирајте со вкусови и подгответе го ова традиционално словенско јадење кое ќе ве изненади со својот вкус.
Десерт: Банофи веган пита која не се пече, затоа што десерт кој не бара печење и не одзема многу време е секогаш прв на менито.
Многу повеќе инспирација за вакви вкусни оброци може да пронајдете во книгата ,,Кулинарско патување со dmBio’’ која може да ја добиете како подарок во секоја dm дрогерија, со сметка над 999 денари за органски производи во период од 1.4 до 30.4.2024!
dmBio – органски квалитет по поволни цени
Со повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна, од кои повеќе од 300 ѝ припаѓаат на dm марката dmBio, dm drogerie markt нуди најширока понуда во сегментот на органската исхрана на нашиот пазар. Висококвалитетните производи, кои патем се изработени без употреба на вештачки ароми, бои и конзерванси, изобилуваат со широк спектар на вкусови кои се автентични, благодарение токму на органското и контролирано производство. Уживајте во исхраната со dmBio!