Почетна » Новости » Занимливости » „Како да бев птица“: Жена го прослави 90-тиот роденден скокајќи од авион со падобран

„Како да бев птица“: Жена го прослави 90-тиот роденден скокајќи од авион со падобран

Никогаш не сте престари за да си ги реализирате соништата. Доказ за тоа е Марг Берг, која со стил го прослави 90-тиот роденден.

Бестрашната бабичка си го исполни сонот да лета со падобран, скокајќи од авион заедно со инструктор. Возраста не ја спречи да ужива гледајќи го светот одгоре.

„Беше прекрасно. Како да бев птица. Беше убаво да видам сè одгоре“ – рекла таа по слетувањето.

Марг Берг Марг Берг Марг Берг

Берг за медиумите објаснила од каде ја добила идејата за оваа нејзина роденденска авантура.

„Го видов Џорџ Буш како скока на 90-годишна возраст. Си реков: ‘Ако може тој, можам и јас’. Никогаш не мислев дека ќе стигнам до 90 години. Но, ете сум и ќе го направам ова“ – рекла таа.

Марг Берг Марг Берг Марг Берг

Семејството ја гледало Марг додека скокала од авионот. Нејзината ќерка рекла:

„Многу сум возбудена за неа. Таа прави секој ден да се брои. Сите многу ја сакаме Мама“.

Марг Берг Марг Берг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.