Италијанец се забавува „копирајќи“ ги стајлинзите на славните личности со помош на секојдневни предмети.
Фотографиите на Емануеле Ферари се добро прифатени од корисниците на социјалните мрежи и само на Instagram него го следат повеќе од 1,3 милиони лица. 24-годишниот блогер ја исмејува модата и модните комбинации кои ги носат познатите личности за време на свечените настани или на фотографиите кои ги објавуваат онлајн.
„Забележав како некои од парчињата облека во светот на модата се навистина апсурдни и во мојот ум започнав да ги пресоздавам со материјали кои ги имав дома. Затоа одлучив да создадам профил и да се однесувам лудо“ – изјавил тој за своите почетоци.
Најчеста „мета“ на Емануеле се Ким Кардашијан и Кијара Ферањи, но во неговите фотографии не изостануваат ниту војвотката Кетрин, Емили Ратајковски, Ријана, Аријана Гранде и многу други познати лица.