Дијана Стелато-Дудек се запиша во историјата.
40-годишната лизгачка стана најстарата жена која го има освоено златниот медал на Светското првенство во уметничко лизгање. Дијана и нејзиниот партнер Максим Дешамп беа прогласени за светски шампиони во уметничко лизгање во парови на првенството кое се одржа во Монтреал, Канада.
Интересното е што поради повреда, Дијана се пензионираше од спортот на
Дијана повторно се врати на мразот на 33 години и успеа да го постигне незамисливото.
„Не сакав на старост од 80 години да се прашувам дали можев да успеам“ – изјави таа по победата.
„Знаев дека сум постара од сите останати, но чувствував дека имам желба и страст да го направам тоа. И тука сум на 40 години и сум светски шампион.“
„Тоа е нешто кое го носам со гордост. Се надевам дека повеќе спортисти ќе останат во спортот подолго време“ – рекла таа.
Дијана се надева дека ќе ги инспирира сите кои сметаа дека е предоцна за остварување на нивните соништа.
„Се надевам дека ќе ги охрабрам луѓето да не застануваат пред да го достигнат нивниот потенцијал. Се надевам дека ова ќе се пренесе и во други области, не само во спортот, како работа и професионална кариера“ – рекла таа.
Ова не е крај за инспиративната спортистика. Дијана има цел да се натпреварува на Зимските олимписки игри во 2026 година, на 42-годишна возраст.
Уметничкото лизгање е опасен спорт со движења кои лесно можат да завршат со повреда. Најчесто лизгачите се пензионираат кон средината на 20-тите години од нивниот живот.