Соништата понекогаш навистина се остваруваат со труд и истрајност.
Самохран татко успеа да работи три работи, да балансира меѓу обврските околу грижата за синчето и ноќните учења за да заврши мастер студии. Сега сака да инспирира и други личности да го следат неговиот пример.
Дезмонд Дурам израснал во семејство со седум браќа и сестри. Неговиот татко бил убиен кога тој имал само 11 години, па неговата мајка морала сама да се грижи за семејството.
„Таа е најсилната личност која ја познавам и без нејзините жртви, немаше да бидам мажот којшто сум денес.“
„Отсуство на татко ми од мојот живот само ме мотивираше да станам најдобриот татко за мојот син и пример за сите студенти кои ги сретнав во мојата учителска кариера“ – вели Дурам.
36-годишниот татко заврши мастер студии на крајот од мај и е единствениот во неговото семејство кој има високо образование. Но, неговиот пат не бил лесен.
„Мојот распоред бараше многу од мене, од будење во 5-6 часот наутро и грижејќи се мојот син да е нахранет, неговата домашна работа да е завршена... Вечерта не легнував до полноќ, можеби и 1 часот наутро, само за да се разбудам и да го направам повторно истото. Но, знаев дека сонот е реален. Секој ден морав да се потсетувам дека ова е краткорочна жртва за долгорочна цел“ – вели Дезмонд, кој е едукатор, додавајќи:
„Ова на крајот на краиштата го промени мојот живот, животот на син ми и можам да влијаам на децата на повисоко ниво“.
За сите кои сакаат да го следат неговиот пример, Дезмонд има еден совет:
„Најдете нешто што го сакате и што ќе ви помогне да го распалите огнот кој ќе ве движи напред. Морате да знаете зошто го правите она што го правите. Сè додека го знаете вашето ‘Зошто’ ќе бидете мотивирани секој нов ден“.