Девојка го искористи слободното време и паузата од работа за време на карантините за да се фокусира на себе.
Лиза Мари ослабе 59 килограми од почетокот на пандемијата досега, а нејзината трансформација сега инспирира и други лица да ја следат.
Иако била физички активна во текот на целиот свој живот, 28-годишната девојка воопшто не била задоволна од изгледот. Таа одлучила секој ден да прави мали, но значајни промени, за да влезе во фит форма.
„Имав слободно време од работа и се фокусирав на СЕБЕ. Во текот на карантинот се посветив да правам мали промени за да се подобрам себеси. Тие промени се состоеја од пешачење секој ден, пиење многу вода, доволно спиење и јадење балансирана исхрана. Не беше сè забавно и беше ТЕШКО, но се придржував до тоа и напредував со текот на времето. Лудо е што можат да направат за тебе упорноста, промената на мајндсетот и не откажувањето“ – пишува Лиза.
На сите кои сакаат да ослабат, таа им порачува:
„Мојот најдобар совет за тебе: Престани да си бараш изговори или да го чекаш почетокот на месецот. Само ЗАПОЧНИ. Ништо не се менува додека не направиш промени. Најтешкиот дел е да кажеш да. Секој ден ти нуди можност да се подобриш себеси. Зграпчи го и искористи го максимално“.
„И самата сум била таму. Дишев тивко на патеката за луѓето да не си мислат дека умирам или дека немам воздух. Кога ќе одев на шопинг, се соочував со тешкотии во наоѓање облека која ќе ме собере.“
„Денес е одличен ден за да започнеш! Кому му е гајле кој ден од неделата е, кому му е гајле кој период од годината е. Ако го сакаш тоа, зошто да чекаш?“ – порачува таа.
Бидејќи најчесто поставуваното прашање на социјалните мрежи ѝ е зошто нема вишок кожа ако ослабела толку многу, Лиза сними видео во кое ја покажува кожата на стомакот и открива дека планира да си направи операција за нејзино отстранување.
Еве како изгледа нејзиното дневно мени низ фотографии: