Валентина Ирландо е доказ дека можеме да направиме сè што ќе посакаме.
15-годишната девојка страда од ретка болест на мускулите, но тоа не ја спречи да си го оствари сонот да научи да свири виолончело.
Упорната Италијанка започнала да посетува часови по виолончело кон средината на 2020 година, а веќе звучи одлично.
„Сакајте се себеси! Секогаш. Запомнете, можеме да направиме сè“ – пишува во описот на едно од нејзините видеа.