Понекогаш, сè што ни треба се охрабрувачки зборови.
Амарилис е артистка од Луксембург и создава илустрации со инспиративни позитивни пораки кои имаат за цел да вдахнат сила во секоја жена.
На Instagram профилот „The Cute Feminist“, таа ги споделува своите цртежи кои започнала да ги создава во тежок период во животот.
„Започнав да ги цртам овие илустрации како еден вид на терапија додека се опоравував од ‘прегорување’ и моите дела набрзо стана вирални“ – вели Амарилис.