Илустрации за непријатните вистини за врските и комплексните љубовни односи
• Среда, 10 Април 2019 13:51
Црно-белите цртежи на Ник Гелифанакис прикажуваат колку комплицирани се луѓето и врските.
Талентираниот артист, кој создава илустрации за The Washington Post, реално покажува моменти од врските кои ќе ве насмеат или замислат.
Вели дека не верува во брак, што значи дека ќе се ожени со првата девојка после мене. Го сакаш?
Следниот пат кога момче ќе ми рече дека сум предобра за него, те молам дај ми сила да се согласам.
Зошто немам деца? Зашто мразам да одговарам на лични прашања!
Дали мислиш дека и со мене ќе се однесува лошо како со секоја друга жена со која беше во врска пред мене?
Не мислам дека љубовта е преценета. Мислам дека лицата со кои бев во врска се преценети.
Ако побара дозвола да излегува со други, секогаш речи „ДАА!“. Потоа извади го телефонот, јави му се на некого и замини засекогаш!
По 2-годишни драми со тебе и твојата бивша, сфатив дека она што ти е потребно е добра, стабилна бивша девојка – јас.
Се сомневав дека си егоцентричен шупак, па тоа што имам доказ, за мене е оној момент на „добри вести-лоши вести“.
Пресреќна сум што си во врска со мојот бивши, зашто тоа значи дека јас не сум.
Животот ти е исполнет? Па, тогаш каде ќе се вклопи маж?
По сè изгледа дека патот до независноста е поплочен со опресивни мајчински совети.
Баш љубезно од негова страна што на крајот беше толкав идиот што ја избриша секоја шанса за да ти недостига.
„Не се однесувај како идиот кон мене“. Дали ова е доволно за мојот профил?
Замисли како беше порано, кога мораше да излезеш од дома за да изневеруваш.
Игнорирање на проблемите: Ако не се караме за малите, незначајни работи, ќе мораме да се префрлиме на големите.
Госпоѓице, ќе ве преместиме на барот, зашто вашето задоволство и среќа создаваат несигурност и загриженост кај паровите.
Засега тој е подобар од моите топлинки и книга.
Не важи „Мажите се од Марс, жените од Венера“. И двајцата сте од Уран.
Но, ако одненадеж си во право за нешто, тоа само ќе ги збуни децата.