Почетна » Новости » Занимливости » „Излегов од болница изгледајќи како да сум бремена во 5-ти месец“: Славна танчарка искрена за телото по породување

„Излегов од болница изгледајќи како да сум бремена во 5-ти месец“: Славна танчарка искрена за телото по породување

Професионална танчарка сподели фотографија од својот голем стомак, направена 8 дена по породувањето, за да порача дека е потребно време за телото на новите мајки да се врати во форма.

На фотографијата, 30-годишната ѕвезда од американското шоу „Dancing With The Stars“, Пита Мургатројд, позира пред огледало по хеланки и градник. Во описот, таа пишува дека луѓето треба да престанат да очекуваат дека жените веднаш ќе си ја вратат линијата од пред бременоста.

Пита Мургатројд

Вистински живот: Ја направив оваа фотографија 8 дена по породувањето. Кога излегов од болница, изгледав како да сум 5 месеци бремена. Многу луѓе мислат дека жената треба веднаш да се врати на својата тежина од пред бременоста. За најголем дел од жените, тоа не е возможно. Женското тело е неверојатно и издржливо, но опоравувањето и зајакнувањето бараат време. Сега е време за трпение и напорна работа. Им испраќам многу љубов на новите мајки, кои минуваат низ ова патување.

Пита Мургатројд Пита Мургатројд Пита Мургатројд Пита МургатројдПита пред забременувањето

Пита е во брак со професионалниот танчар Максим Чмерковски од декември 2015 година. Парот го доби синчето Шеј Александер на 4 јануари годинава.

Пита Мургатројд

Во минатата сезона на шоуто „Dancing With The Stars“, славната танчарка беше партнерка со глувиот танчар Најл ДиМарко.

Најл ДиМарко Најл ДиМарко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.