Докторка смисли едукативна игра за малиот син, преку која го учи како се изведуваат бројни операции на човечкото тело.
Играта ја нарече „Playdough Surgery“, бидејќи со помош на пластелин таа ги оформува внатрешните органи и кожата, а потоа со специјални ножиња го учи малото момче како да сече и кои се имињата и функциите на секој орган.
Креативната мајка видеата ги објавува на Instagram профилот „The Breakfasteur“, кој досега го следат над 200 илјади лица.