Почетна » Новости » Занимливости » „Зошто е сè уште табу жените да имаат стрии по породувањето?“: Фитнес модел за нереалните стандарди за убавина

„Зошто е сè уште табу жените да имаат стрии по породувањето?“: Фитнес модел за нереалните стандарди за убавина

Блогерка со фотографии „пред и потоа“ и моќна порака апелира да се нормализира постпородилното тело со стрии и лузни.

Сандра Прикер се чувствувала осамено и несамоуверено по раѓањето на второто дете само поради тоа што имала стрии и вишок кожа на стомакот. Бидејќи постојано гледала во медиумите и на социјалните мрежи мајки со совршена кожа, таа мислела дека е сама во својата борба и се соочила со постпородилна депресија.

Сандра Прикер Сандра Прикер

Но, сега Сандра научи да го сака своето тело и вели дека ќе објавува реални слики од стомакот сè додека не се нормализира тоа.

Сандра Прикер

Гледам жени кои постираат објави дека го прифаќаат нивното мајчинско тело, но на нив нема ниту една трага, само плус неколку килограми. Знам дека најголем дел од новите мајки се соочуваат со многу повеќе од килограми плус. Ајде да зборуваме за лузните, за стриите, за хормоналниот дисбаланс, за менталните проблеми и за постпородилната депресија.

Порано бев фитнес модел, мојата работа целосно зависеше од моето тело, а мојот стомак играше голема улога во сето тоа. По мојата бременост, знаев дека никогаш нема да изгледам исто и се чувствував ужасно. Ми требаше долго време за да го надминам тоа ментално и се чувствував осамено. Зошто е сè уште табу во медиумите и на социјалните мрежи жените да имаат стрии и лузни по породувањето? Зошто не ги гледам овие жени на насловните страници на списанијата? Знам дека не сум единствената и мора да престанеме да се криеме. Ова треба да биде нормализирано! Дали сме помалку вредни сега кога имаме лузни?

Се здобив со тешки изгореници на лицето на 19-годишна возраст, но тоа не ме спречи да станам модел тогаш и нема да дозволам овие лузни да ме спречат да бидам модел сега. Ова е за сите жени што имаат лузни, стрии и/или постпородилна депресија.

Сандра Прикер Сандра Прикер Сандра Прикер Сандра Прикер Сандра Прикер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.