Facebook е познат по негрижата за приватноста на корисниците, исто колку и по честите технички проблеми и недостапноста на услугите. Во изминатиов период се појавуваа информации за разни сигурносни дупки што им дозволуваат на хакерите пристап до вашите лични податоци.
Но, Facebook денес се надмина себеси и ја направи можеби најголемата глупост досега: поради грешка во системот, сите ваши пријатели можеа да ги читаат разговорите што ги водите на четот. Не само тоа, туку вашите пријатели можеа и да ги гледаат понудите за пријателство што сте ги добиле, па дури и да ги прифаќаат или одбиваат од ваше име.
Се чини дека сигурносните пропусти се отстранети, но веројатно потешко им одело со четот, па затоа извесно време беше исклучен, со оправдување дека услугата е недостапна заради „одржување“.
Следува и видео кое што покажува колку лесно Facebook ја „споделува“ и вашата приватност. Затоа, размислете двапати следниот пат кога ќе сакате да споделите лични податоци на најпопуларната социјална мрежа.