Многу деца се будат сред ноќ и трчаат во собите на нивните родители во потрага по безбедно место на кое ќе можат повторно да запловат во светот на соништата. Некои од нив тоа го прават откако ќе сонуваат кошмари, други не знаат како сами да презаспијат, а трети едноставно имаат потреба да бидат во близина на мама или тато.
Блогерката Даниел Шерман објаснува зошто им дозволува на нејзините деца да спијат во креветот кој го дели со сопругот. Еве го нејзиниот текст:
Спијам во кревет полн со деца.
Во вообичаено утро, се будам со стапало на лицето, глава на градите и некој кој ми вика на уво или седи на мојата глава и вели: „Мамо, разбуди се!“
Моите инстинкти отсекогаш биле да спијам во близина на моите бебиња.
Не ја знаев мојата судбина сè додека не родив мало збрчкано новороденче и додека не го зедов во рацете.
И како преуморена нова мајка, која се мачи со доењето, едноставно се случи.
Моето прво бебе не беше задоволно ако не спиеше на мене или со раката преплетена во мојата.
И како што растеше и се чувствуваше посигурно, наоѓаше пат до нашиот кревет. Секојпат кога ќе се превртев во креветот, таа се превртуваше со мене за да се увери дека нашите тела се сè уште поврзани.
И со секое дете, беше слично.
Таму тие се најсреќни и најсмирени, а таму сум најсреќна и јас.
Ме смирува кога ги имам моите бебиња во близина.
Кога ќе слушнам врескање и малечки стапала кои брзаат кон нашата соба поради кошмар, ѝ дозволуваме да дојде во нашиот кревет и ја гушкам во моите раце, смирувајќи ги нејзините стравови.
Кога едно од моите деца не може да заспие откако ќе оди во тоалетот сред ноќ, доаѓа во нашата соба, бидејќи таму мирно може повторно да заспие.
Имаме политика на „отворен кревет“, бидејќи нашите деца нема засекогаш да нè сакаат покрај нив, за да споделуваме мал простор, за да се гушкаме.
И еден ден набрзо, ќе се разбудам во празен кревет.
И знам дека ќе ми недостига мојот кревет полн со деца.