Анита Даева им приреди прекрасно изненадување на родителите од Велес за
За да ја прослави нивната златна свадба, македонската водителка се појави пред вратата на мајка си и татко си со свирачи и торта во форма на две срца. Таа им разбуди многу емоции на нејзините родители кои се во брак од 1970 година. Анита го објави видеото на својот профил на Facebook.
„Оти од нивните души е мојата. Фала Ви за животот, зборот, за бесконечната љубов. Ве сакам. ЧЕСТИТО 50 години ЉУБОВ“ – напиша таа.
Таа сподели и фотографии „пред и потоа“ од родителите.