Оваа година, по 35-ти пат во Харбин, Североисточна Кина, беше изграден волшебен леден град. Пред неколку дена, се отвори Фестивалот на мразот и снегот и ќе трае еден месец.
Во тој период, посетителите ќе можат да им се одушевуваат на импресивните скулптури за кои се искористени 110.000 m3 мраз и 120.000 m3 снег.
Ова се смета за најголемиот фестивал на мраз во светот, а зафаќа површина од 600.000 m2.
Скулптурите добиваат уште побајковит изглед навечер, кога се осветлени со светла во различни бои.
Не постои посетител кој не се почувствувал како да чекори во и покрај ледениот замок на Елза од дизниевиот хит „Frozen“.