Зимска идила владее во Харбин. Во овој град во Североисточна Кина годинава по 36-ти пат се одржува Меѓународниот фестивал на мразот и снегот.
На површина од 600.000 m2 се издигнаа грандиозни снежни и ледени скулптури кои мамат милиони посетители од различни делови од светот.
Оваа година, највисоката скулптура е со височина од 45 метри. За настанот биле ангажирани 10.000 уметници и работници, а како и останатите години, искористени се над 100.000 m3 мраз и над 100.000 m3 снег.
За побајковит изглед, скултурите навечер се осветлени во различни бои.