Некои личности уште при доаѓањето на овој свет започнале да ја водат најтешката битка – борбата за ЖИВОТ. Предвреме родените бебиња инспирираат со својата храброст и силна желба за живот.
Календар ги слави овие мали херои и ги става во фокусот на неодолива фотосесија, во која деца облечени во слатка облека позираат покрај слики направени по нивното раѓање, во моментите кога сè уште биле на интензивна нега и не се знаело каква ќе биде нивната судбина.
Овој календар им се подарува на мајки кои се породиле предвреме и сè уште се на болница со нивните чеда кои се борат за живот. Целта е фотографиите и приказните да им дадат надеж и утеха.