Уличните кучиња во Тајланд честопати се асоцираат со болести и конфликти помеѓу луѓето, па тие ретко добиваат помош кога им е потребна.
Но, еден човек со големо срце има хумана мисија да им помогне на кучињата кои најмногу имаат потреба од помош, оние со хендикеп. Мајкл Бејнс се преселил од Шведска во Тајланд за да го отвори засолништето за животни „The Man That Rescues Dogs“.
Тој досега има спасено повеќе од 2.000 кучиња и мачки. На многу од нив им недостигаат задните нозе како последица на сообраќајни несреќи. Но, за среќа, тие лесно се адаптираат на инвалидските колички и можат повторно да трчаат слободно.
Во моментов, во засолништето има 600 кучиња, од кои 45 се со хендикеп. Триесет кучиња се парализирани.
„Сакаме да им ја дадеме на болните, занемарени и малтретирани улични кучиња во Тајланд втората шанса што ја заслужуваат. Еден од најдобрите делови во целиот овој процес е кога за првпат ќе видите парализирано куче во неговата инвалидска количка како трча слободно и се смее“ – вели Мајкл.
„Го сакаме она што го правиме, но едноставно треба да запомниме дека секој дел од нашата работа е да им ги подобриме животите на кучињата за кои се грижиме. Напорно е и дефинитивно е емотивно понекогаш. Кога ќе ни се скрши срцето, како што се случува честопати, се потсетуваме дека им требаме и на многу други. Во ред е да запреш, да се исплачеш и да продолжиш да им служиш на кучињата на кои им требаш“ – вели Крис, асистент на Мајкл.
Од засолништето честопати објавуваат фотографии од трансформациите на животните: