Цифрата која ја гледате кога ќе се качите на вагата понекогаш не ја одразува реалноста и дефинитивно не е најважното нешто кога е во прашање вашето здравје. Многу поважни се вашиот начин на живот, композицијата на вашето тело, физичката активност и исхраната.
Токму тоа сакаат да го покажат илјадниците жени кои споделуваат фотографии „пред и потоа“ на кои тежат речиси исто, а изгледаат сосема поразлично. Погледнете некои од највпечатливите трансформации и инспирирајте се од нив:
1.
„Имам 65 килограми на двете фотографии.“
2.
„Овие две фотографии се направени на 7 години растојание и тежината е иста (63 кг) на двете. Не е ли тоа лудо? Моето тело изгледа тотално различно, но вагата покажува како да е исто. Запомнете дека вашата вага ги мери вашите масти, мускули, крв, органи... сè! Моето тело има многу помалку масти на десната фотографија, а многу повеќе мускули, но вагата тоа не ја интересира.“
3.
„Иста тежина, различна композиција на телото.“
4.
„Има само околу 1 килограм разлика помеѓу овие две фотографии. Отсекогаш сум била тешка околу 63 килограми, но ја намалив бројката на панталони за 7 големини, бидејќи си ја променив композицијата на телото. Го постигнав тоа со намалување на мастите и зголемување на мускулната маса.“
5.
„Две години разлика, а иста тежина и на двете. Таа насмевка и самодовербата што сега ја имам се нешто за коешто сонував пред две години.“
6.
„Истата тежина, различни тела. Имам 56 килограми на сите овие фотографии. Па, не е секогаш важна вагата.“
7.
„Вкупно намалив само 1 килограм. Колку масти намалив, а колку мускули добив? Можам само да нагодувам. Опасна игра е да се потпирате на вагата и најверојатно ќе бидете повредени. Наместо тоа, најдете други начини за да прославите за себе и за трансформациите низ кои поминувате!“
8.
„Доказ дека може да тежиш исто и да изгледаш сосема поразлично. 90 килограми пред 4 години и 90 килограми сега.“
9.
„Истата личност, истата тежина, но две различни тела. На 34 и на 36 години, на двете тежам 63 килограми.“
10.
„Еве зошто луѓето треба многу повеќе да се фокусираат на тежината која ја креваат, а помалку на тежината која ја намалуваат. Лево во 2014 година, 53 килограми. Десно во 2021 година, 54 килограми.“
11.
„Не мислите дека сте промениле многу само затоа што не сте намалиле многу килограми? Земете стара фотографија и споредете ја со фотографија во истата маица.“
12.
„Ја направив фотографијата десно денес и ја споредив со фотографија на која тежев исто. И лево и десно имам 84 килограми.“
13.
„Поради некаква причина, мојата вага покажа дека сум качила 2 килограми преку ноќ. Наместо да полудам, направив фотографии од мојот прогрес за да си покажам себеси дека тој не е изгубен.“
14.
„63 килограми и лево и десно.“
15.
„Една година подоцна во истиот спортски градник, истата долна облека и истата тежина.“
16.
„Во случај да не сте знаеле... Вагата лаже! Има само половина килограм разлика помеѓу овие две фотографии.“
17.
„Дали ќе ми верувате ако ви речам дека тежам скоро исто на двете фотографии? Композицијата на телото е најважна.“
18.
„На сите овие фотографии тежам исто (52 килограми)! Единствената разлика на фотографијата десно е што јадев чиста храна и кревав тегови.“
19.
„На двете фотографии имам 59 килограми.“
20.
„Дали ќе ми верувате ако ви речам дека тежам исто на двете фотографии?“