Артист на забавен начин ги прикажува секојдневните моменти од брачниот живот и забрзано привлекува обожаватели на Instagram.
Јехуда Ади Девир од Тел Авив на сликовит начин прикажува ситуации од животот под ист покрив со својата сопруга Маја, а во неговите илустрации ќе се пронајдат сите што се во долга врска или брак.
Во описот на секоја илустрација споделена на својот профил, талентираниот Израелец го става хаштагот #ilovemywife (Ја сакам мојата сопруга).