Прекрасен гест им ги згреа срцата на присутните на натпреварот меѓу Партизан и Виртус Болоња во „Штарк Арената“ во Белград.
Фановите на Партизан фрлија над 10.000 играчки на теренот кои ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства. За секоја фрлена играчка, еден од спонзорите на клубот ќе донира по 1.000 динари за купување зимска опрема и облека за децата од ранливите категории.
„За сите деца во Србија среќно да играат! Благодариме црно-бели“ – стои во описот на видеото споделено на социјалните мрежи.
DA SE SVA DECA U SRBIJI SREĆNO IGRAJU! HVALA CRNO-BELI!#KKPartizan #EuroLeague @EuroLeague pic.twitter.com/sZ2eR6D5D6
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) December 28, 2023